Почина легендарниот авиоконструктор Иван Микојан

Легендарниот конструктор на авиони Иван (Вано) Микојан, кој беше еден од конструкторите на повеќенаменскиот ловец Миг-29, почина во Москва во 90-та година од животот, објавија медиумите.

„Познатиот конструктор на авиони Иван Микојан почина во Москва во 90-та година од животот. Иван Микојан целиот свој живот работеше во конструкторското биро што го основа во 1939 година неговиот чичко Артјом Микојан. Во КБ работеше како главен инженер, заменик-главен конструктор“, се вели во соопштението на ТВ „Ѕвезда“ што го пренесува „Взгљад“.

Микојан е роден на 1 септември 1927 во Москва. Во 1944 година се запишува во авијациското техничко училиште во Душанбе.

За конструирањето на МиГ-29 Микојан двапати беше награден со државна награда на СССР. Конструкторот до крајот на животот остана советник на Руската корпорација за производство на авиони „МиГ“.

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.