Објавено видео од спасувањето на украинскиот брод од „Вицеадмирал Кулаков“

Големиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков“ го довлече до грчки остров украинскиот рибарски брод што се најде во неволја во Средоземното море.

Руската посада им ја укажа потребната помош на украинските морнари, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Противподморничкиот разурнувач на Северната флота „Вицеадмирал Кулаков“ ја заврши спасувачката операција – одвлекувајќи го украинскиот рибарски брод „097“‘ до пристаниште во подрачјето на грчкиот остров Гавдос (48 км јужно од Крита… По пат на украинските морнари им е укажана сета неопходна и медицинска помош“, се наведува во соопштението.

Украинскиот брод со посадата наскоро ќе им биде предаден на грчките спасувачки служби, а состојбата на членовите на посадата е задоволувачка. Од пред-службата додаваат дека „Вицеадмирал Кулаков“ продолжува да ги извршува своите борбени задачи во состав на постојаната група бродови на Воената морнарица на Русија во Средоземното море. 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.