ФСБ приведе на Крим поранешен офицер во штабот на Црноморската флота

Федералната служба за безбедност на Русија го уапси во Севастопол поранешниот офицер на Штабот на Црноморската флота Леонид Пархоменко кој, според истрагата, по задача на Министерството за одбрана на Украина прибирал информации за активностите на флотата.

„На 22 ноември Федералната служба за безбедност во градот Севастопол го приведе поранешниот офицер на штабот на Црноморската флота капетан Леонид Сергеевич Пархоменко“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на ФСБ.

ФСБ исто така објави видео од приведувањето на Пархоменко во Севастопол.

Според податоците на ФСБ, Пархоменко, исполнувајќи задачи на главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, прибирал и ѝ предавал на странската тајна служба податоци класифицирани како државна тајна за активностите на Црнморската флота.

На Пархоменко му се закануваат до 20 години затвор поради велепредавство.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.