„Терминатор“ врз база на „Армата“ ќе добие два автоматски топа

Борбеното возило за огнена поддршка „Терминатор“ врз основа на тешката гасенична платформа „Армата“ ќе добие два 57-милиметарски автоматски топа.

Според експертите, вооружувањето во тој случај ќе биде премногу, доволен е и еден 57-милиметарски топ на борбениот модул од типот „Бајкал“, соопштува Defence.ru.

Покрај двата топа, „Терминатор“ ќе добие и антитенковски проектили од трета генерација кои имаат системи за самонаведување.

Сепак, воените експерти сметаат дека ова е премногу за едно борбено возило, доволен е и еден топ. Но, во секој случај, новата верзија на борбеното возило за огнена поддршка нема да има еднакви на себе според огнената моќ.

Покрај „Терминатор“, со 57-милиметарски топови се планира да бидат вооружени и БТР-82, БМП-3 и други борбени возила.

Возилото за огнена поддршка „Терминатор“ овозможува во движење да се неутрализираат тешки оклопни возила, пешадиски борбени возила, бункери, митралески гнезда и други заштитени цели.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.