САД го сметаат за незаконски воениот договор меѓу Русија и Абхазија

САД го сметаат за незаконски договорот за формирање на здружена група на руските и абхазиски сили, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Во вторникот законот за ратификација на документот беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние сме против ратификацијата од страна на Русија на договорот за формирање заеднички вооружени сили со лидерите на де факто грузискиот регион на Абхазија. Не го признаваме легитимитетот на таканаречениот „договор“, што не е правно меѓународен договор“, изјави Кирби, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, побара од Москва да ја преиспита својата одлука за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија.

Договорот беше потпишан во Москва на 21 ноември 2015 година. Здружената група има за цел да одбие можна агресија и да се спротивстави на други воени закани во регионот. Во составот на единицата од руската страна ќе влезе 7 воена база во Гудаута (според отворени извори, во неа служат околу четири илјади војници), и од абхазиска страна - две механизирани пешадиски баталјони, артилериска и авијациска група и еден одред за специјални намени.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.