Космонаутите ќе добијат одела „Бела мечка“ за заштита од студ

Новите одела за заштита од студ, неофицијално наречени „Бела мечка“ и кои се носат над скафандерите во кои летаат космонаутите, ќе служат за заштита од студ, силен ветер и дожд, изјави водечкиот специјалист на Центарот за обука на космонаути (ЦПК) „Гагарин“ Дмитриј Гајдуков.

„Неофицијалниот назив на оделата, дизајнирани од НПП „Ѕвезда“ со учество на специјалисти на ЦПК „Гагарин“ е „Бела мечка“. Во ова одело космонаутите ќе се чувствуваат удобно, дури и на температура од -40 степени Целзиусови. Друга негова карактеристика е таа што кое брзо да се соблече и облече. Односно, космонаутот не треба да вложи многу напор за да го соблече пред влегувањето во транспортниот вселенски брод со екипаж, доволно е само да го откопча неговиот преден дел кој се држи само на лепенки и кукички и слободно може да излезе од него“, изјави Гајдуков, водечки специјалист за обука на  космонаути за системите за одржување на живот на вселенските летала со екипаж, пренесува „Взгљад“.

Во оделата „Бела мечка“ беа облечени космонаутот на „Роскосмос“ Олег Новицки, астронаутот на НАСА Пеги Витсон и астронаутот на ЕКА Тома Песке кратко време пред полетувањето на Меѓународната вселенска станица.

Според него, „Белите мечки“ не предизвикуваат дополнителни непријатности и ги имаат истите својства за термичка изолација, како и оделата кои космонаутите ги облекуваат по слетување во зимски услови во степите на Казахстан. „Бела мечка“ исто така користеа космонаутот на „Роскосмос“ Роман Романенко, астронаутот на НАСА Томас Машбурн и канадскиот астронаут Крис Хедфилд во декември 2012 година пред лансирањето на вселенското летало „Сојуз ТМА-07M“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.