Руски научници добиваат злато од јаглен

Научниците од Амурскиот научен центар на Руската академија на науки, одделение за Далечен Исток, пронајдоа начин за вадење до еден грам злато од секој еден тон искористен јаглен.

Експерименталната опрема веќе постои и се планира таа да биде поставена на една од котларниците годинава, соопшти прес-службата на ОДИ РАН.

Научниците од Амурската област 15 години го анализирале составот на јагленот од различни ископини во регионот и објаснија дека секој тон цврсто гориво од Ерковецкиот басен содржи околу еден грам од овој скапоцен метал, пренесува „Взгљад“.

 „На филтрите се таложат како корисни, така и штетни компоненти. Ако инсталацијата „фаќа“ најмалку половина - тоа е половина грам по тон, тогаш лесно може да се пресмета колкав е тоа економски ефект. Односно, со согорување на еден тон јаглен добиваме 1500 рубли“, изјави генералниот директор на ДОО „Комплексни технолошки иновации на Амурскиот научен центар“ Олег Агеев.

Инсталацијата, чиј експериментален примерок е веќе подготвен, работи на следниов начин: чадот од согорениот јаглен минува сто степени на чистење. Примесите (вклучително и штетните) најпрвин се мијат со вода, потоа ги лови филтерот, од нив се извлекува златниот концентрат кој потоа се рафинира.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња