Путин за Трамп: има разлика меѓу предизборна реторика и политика

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека меѓу предизборната реторика и реалполитиката има голема разлика речиси секогаш во сите земји

Претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи за победата на републиканецот Доналд Трамп на изборите во САД, изјави дека меѓу предизборната реторика и вистинската политика има голема разлика.

„Не“, одговори Путин на прашањето дали пречи, според него, изборот на Трамп на развојот на трговијата во земјите на АПЕС.

„Се разбира, постојат такви прашања. И тие прашања си ги поставуваат колегите, всушност, тоа е очигледно. Но, не треба да се има страв, сѐ на еден или друг начин ќе си дојде на место“, изјави шефот на руската држава, пренесува РИА „Новости“.

„Ние сите сме свесни, сите знаат дека меѓу предизборната реторика и реалполитиката има голема разлика речиси секогаш во сите земји. Во однос на изјавите на г-дин Трамп дека би сакал да ги врати во САД компаниите и со самото тоа да обезбеди работни места во својата земја... Што има лошо во тоа?“, заклучи претседателот Путин.

 

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.