Порошенко и Меркел договорија нова средба на „Нормандиската четворка“

Претседателот на Украина Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел за време на телефонскиот разговор го договорија следниот состанок на министрите за надворешни работи во „Нормандиски формат“.

Средбата е планирана за крајот на ноември, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на украинскиот претседател, пренесува ТВ „Лајф“.

Покрај тоа, лидерите на двете државите разговараа за подготовка на проектот за „патна карта“ за имплементација на „Минската спогодба“ и за прашањето за безвизен режим за украинските граѓани.

Канцеларката на Германија исто така потврди дека санкциите на ЕУ против Русија ќе останат да важат сѐ до целосната имплементација на „Минската спогодба“ од страна на Москва.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.