Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет за повлекување на Русија од Договорот за Меѓународниот кривичен суд (МКС). Текстот на документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации во средата.
„Да се прифати предлогот на Министерството за правда на Русија (...) да не стане членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд“, се вели во декретот, пренесува „Лента.ру“.
Документот стапува во сила на денот на потпишувањето. На Министерството за надворешни работи на Русија му е наложено да испрати соодветно писмо до генералниот секретар на ОН.
На 15 ноември обвинителот на МКС Фату Бенсуда изјави дека го смета присоединувањето на Крим кон Русија за војна со Украина и окупација на нејзините територии. Таа соопшти дека иследниците на судот истражуваат дали навистина РФ ги контролира вооружени групации во југоисточниот дел на Украина. Доколку иследниците дадат позитивен одговор на ова прашање, тогаш настаните и во овој дел на земјата ќе бидат признати како вооружен конфликт со учество на Русија.
Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд беше донесен од страна на дипломатската конференција на ополномоштените претставници под покровителство на ООН во 1998 година. Русија го потпиша документот во 2000 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче