Русија започна голема операција во Сирија

Русија започна голема операција во Сирија со учество на бродската група предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

Фрегатата „Адмирал Григорович“ во вторникот истрела крстосувачки ракети „Калибар“ врз позициите на терористите во Сирија. Ова го изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, пренесува „Лента.ру“.

„Во оваа операција учествува „Адмирал Григорович“. Денеска тој истрела крстосувачки „Калибар“ по претходно определени и извидени цели“, изјави министерот на состанокот меѓу претседателот на РФ Владимир Путин и највисокото раководство на Вооружените сили на РФ.

На 15 ноември руските вооружени сили започнаа масовна операција за напади врз терористите во сириските провинции Идлиб и Хомс. Според Шојгу, во борбените дејствија првпат во историјата на морнарицата учествува носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“. Покрај тоа, во операциите се вклучени и крајбрежните ракетни системи „Бастион“.

Министерството за одбрана на својот „Јутјуб“ канал објави видео запис на кој е прикажано полетување на ловци Су-33 од палубата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња