Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков соопшти дека некои изјави на победниците на изборите во Молдавија и Бугарија му импонираат на Кремљ, пренесува „Газета.ру“.
„Несомнено, се разбира, нам ни импонираат некои изјави (на победниците на изборите во Молдавија и Бугарија), кои сведочат за подготвеноста да се работи на нормализација на односите со другите земји, вклучително и со нашата“, изјави Песков.
Претходно беше соопштено дека социјалистот и генерал Румен Радев победи на изборите за претседател на Бугарија. Исто така беше објавено дека лидерот на Партијата на социјалистите Игор Додон изјави дека победил во вториот круг на изборите за претседател на Молдавија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче