Трамп добил „прекрасно писмо” од Путин

Американски „Вол Стрит Џурнал“ пишува дека Трамп изјавил дека добил чудесно писмо од претседателот на Русија Владимир Путин, додавајќи дека наскоро е планиран телефонски разговор со него.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека очекува дека набрзо ќе има телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин.

Како што истакнува „Вол Стрит Џурнал“, зборувајќи за надворешната политика, Трамп изјавил дека веќе добил честитки од повеќето светски лидери, освен од претседателот на Кина Си Ѓинпин, а со некои разговарал и телефонски.

Американскиот весник пишува дека Трамп добил „прекрасно писмо“ од претседателот на Русија Владимир Путин, додавајќи дека наскоро е планиран телефонски разговор со него. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња