Кремљ е подготвен да чека додека Запад го сфати прашањето за Крим

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Москва нема да дискутира за Крим и дека за тоа прашање на САД и Европа ќе им треба време за да го сфатат тоа, пренесува агенцијата „Асошиејтед Прес“.

„Никој во Русија – никогаш – нема да биде подготвен да почне дискусија од каков било вид по повод Крим“, изјави Песков во интервју за агенцијата.

Кога дописникот на агенцијата го праша Песков за тоа како ќе се решава тоа прашање во администрацијата на новиот претседател на САД Доналд Трамп. Песков одговори дека Русија разбира „дека на нашите партнери во Европа и овде, во САД, ќе им треба време да го сфатат тоа“.

„Ние сме доволно трпеливи за да чекаме сѐ додека тоа разбирање се појави овде, во Вашингтон, во Државите, во Европа“, изјави портпаролот на рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња