МО РФ ја објасни разликата меѓу ситуацијата во Алепо и операцијата во Мосул

Министерството за одбрана на Русија ја коментираше изјавата на портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби за радикалната разлика меѓу ситуацијата во Алепо и операцијата во Мосул.

„Радикалните разлики меѓу ситуацијата во сирискиот Алепо и операцијата за напад врз ирачкиот Мосул навистина има. И ние сме подготвени конкретно да му ги наброиме на адмиралот Џон Кирби“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-потполковник Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој истакна дека во Алепо повеќе од две недели не дејствуваат руските ВКС и сириската авијација, додека Мосул секојдневно е изложен на нападите на американите на авиони „Двајт Ајзенхауер“ и „Шарл де Гол“. Само во текот на последните 24 часа коалицијата има реализирано 25 летови, нанесувајќи 21 напад на Мосул и неговите предградија, додаде Конашенков.

Покрај тоа, во Алепо Русија и сириските власти организираа шест хуманитарни коридори за цивилите кои се подготвени да го напуштат градот, но не можат да го направат тоа поради минираните премини и гранатирањето на милитантите.

„Во Мосул слушаме за претстојниот „јуриш“ врз градските квартови, населени со цивили со нејасни, но крајно загрижувачки поради масовни жртви последици“, рече Конашенков, додавајќи дека во овој случај не станува збор за никакви, „небаре милионскиот град го населуваат само терористи“.

Покрај тоа, во Алепо и понатаму остануваат отворени двата коридори за милитантите кои може да заминат со опремата и оружјето во другите области на Сирија, напомена генерал-полковникот. Во Мосул, истакна тој, коалицијата изјавува за „железен обрач“.

Конечно, според Конашенков, во Алепо работат претставници на Обединетите нации, Црвената полумесечина, други меѓународни организации и новинари. „Во Мосул, според една чудна коинциденција, нема ни новинари, ни активисти, ни волонтери на „белите“ или други „шлемови“ во нијанси на виножитото. Никој“, потенцираше портпаролот на МО РФ, истакнувајќи дека сѐ што можат да си дозволат американските и европските медиуми е „огромни цензурирани извештаи за неверојатните успеси на коалицијата и големата победа над терористите што следи, без да бидат потврдени со реални снимки“.

„И потоа Џон Кирби навреден изјавува дека, за разлика од Алепо, операцијата во Мосул минува во строга согласност со меѓународното хуманитарно право?“, заклучува генерал-потполковникот Конашенков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња