Авионите на ВКС Русија и ВВС Сирија веќе 13 дена не летаат над сирискиот град Алепо. Ова го соопшти во неделата портпаролот на руското Министерството за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.
„Руските и сириските авиони веќе тринаесетти ден не вршат никакви летови над градот Алепо. За споредба - меѓународната коалиција предводена од САД изминатите 24 часа изврши девет воздушни напади врз станбените делови на ирачкиот милионски град Мосул. А за да биде јасно за „селективноста“ на ваквите напади и почитувањето на меѓународното хуманитарно право од страна на коалицијата, ќе напоменам дека два од деветте напади врз урбаните квартови беа извршени од американските стратешки бомбардери Б-52H“, изјави Конашенков, пренесува ТАСС.
Според него, терористите во Алепо не го намалуваат интензитетот на гранатирањето на зградите и хуманитарните коридори.
„Сепак, минатата ноќ преку еден од коридорите, во областа на Ел Машарак, успеаја да стигнат до безбедните реони на градот 12 Сиријци“, додаде Конашенков.
„Според бегалците, тоа е можно откако му дале голем поткуп на еден од теренските команданти во износ од 150 илјади сириски лири (300 американски долари) за секој што ќе излезе. За да се соберат средства во износ од 1,8 милиони лири, три семејства морале да го продаде целиот имот“, додаде портпаролот на МО РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче