Малта нема да дозволи руските бродови да дополнат гориво

Малта нема да им дозволи на руските бродови влез во нејзините пристаништа за дополна на гориво.

Министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела изјави за „Тајмс оф Малта“ дека неговата земја нема да дозволи во своите пристаниште ниту еден руски брод да дополни гориво.

Притоа тој не прецизираше дали има барање од Русија за влез на бродовите во пристаништата за дополна на гориво.

Од МНР Малта потврдија за РИА „Новости“ дека властите на таа земја нема „да дополнуваат никакви руски бродови кои се наоѓаат во Средоземното море“.

Претходно поранешниот началник на Главниот штаб на ВМФ Русија адмирал Виктор Кравченко изјави за РИА „Новости“ дека следното дополнување на гориво на руската група бродови на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ може да се случи во Средоземното море во близина на Малта од танкер на Црноморската флота. Притоа тој потсети дека во составот на групата се наоѓа танкер на Северната флота во својство на  постојана резерва во случај на вонредна ситуација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња