Во Сибир се урна хеликоптер Ми-8, загинаа 19 луѓе

Хеликоптер Ми-8 на краснојарската авиокомпанија „Скол“ се урна по полетувањето во близина на селото Уренгој во Сибир.

На интернет се појави видеозапис од местото на падот на хеликоптерот Ми-8 во близина на јамалското село Уренгој во Сибир, пренесува РИА „Новости“.

Од снимката се гледа дека хеликоптерот претрпел сериозни оштетувања. Предниот дел на леталото се нашло под слој на земја.

Хеликоптер Ми-8 на краснојарската авиокомпанија „Скол“ се урна по полетувањето во близина на селото Уренгој во Сибир. Во хеликоптерот имаше 22 луѓе – три члена на екипажот и 19 патници. Преживеаја 3 лица.

Во тек е истрага за инцидентот. Првичните информации велат дека причини за падот се лошите временски услови.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња