Египет сака да купи од Русија хеликоптери Ка-52К за „Мистралите“

Египет може да купи за „Мистралите“ не помалку од 16 хеликоптери Ка-52К и исто толкав број Ка-29/31.

Египет се обрати до Русија со барање за испорака на хеликоптери Ка-52К за „Мистралите“, соопшти заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Анатолиј Пунчук, пренесува РИА „Новости“.

„Обраќањето од египетската страна за испорака на палубни хеликоптери Ка-52 е добиено. Нарачателот разгледува можност за формирање неколку хеликоптерски ескадрили. Точниот број ќе биде договорен во текот на дополнителните преговори“, истакна Пунчук.

Египет, како што сметаат аналитичарите, може да купи за „Мистралите“ не помалку од 16 хеликоптери Ка-52К и исто толкав број Ка-29/31.

Носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“ кои Египет ги купи од Франција претходно беа направени по нарачка на Русија, но не беа испорачани поради политички причини, поточно поради несогласувањата околу ситуацијата во Украина. Двата носачи на хеликоптери „Гамал Абдел Насер“ и „Анвар Садат“ му беа предадени на Египет и веќе се во состав на вооружувањето.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња