Кери: Наредниве денови можна одлука за санкции против Русија

Се разгледува воведување дополнителни санкции и претседателот на САД Барак Обама разгледува различни варијанти, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

Одлуката за воведување мерки на ограничување против Русија и Сирија може да биде донесена наредниве денови, изјави шефот на Стејт департментот на САД Џон Кери во Лондон на заедничка прес-конференција по мултилатералната средба за решавањето на сириското прашање.

Според него, воведувањето дополнителни санкции се разгледува и претседателот на САД Барак Обама разгледува различни варијанти. „И понатаму го разгледуваме тоа прашање и во следниве неколку дена ќе решиме што да правиме“, изјави Кери, пренесува РИА „Новости”.

Претходно шефот на британското МНР Борис Џонсон изјави дека САД и Велика Британија ја разгледуваат можноста за воведување економски санкции против Сирија и Русија поради заострувањето на ситуацијата во Алепо.

„Не смееме да го попуштиме притисокот врз режимот на Асад, Русија и Иран. Ние мораме да го засилиме тој притисок“, истакна шефот на британската дипломатија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња