На 10 октомври во Турција средба Путин-Ердоган

Претседателот на РФ Владимир Путин на 10 октомври ќе ја посети Турција.

Претседателот на РФ Владимир Путин на 10 октомври ќе ја посети Турција, каде ќе има разговори со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган и ќе настапи на Светскиот конгрес за енергетика, изјави за новинарите помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков.

„Посетата ќе биде на 10 октомври. Ќе има настап на Светскиот конгрес за енергетика и ќе има билатерален контакт“, изјави Ушаков, пренесува РИА „Новости“.

Светскиот конгрес за енергетика ќе се одржи во Истанбул од 9 до 13 октомври.

Претходно портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека шефот на руската држава може да ја посети Турција во октомври, а Кремљ ќе даде официјална изјава откако ќе бидат завршени сите подготовки.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња