Развојот на руско-јапонските врски во сферата на науката, технологијата и иновациите ќе биде една од важните компоненти на успешната реализација на планот за економска соработка предложен од премиерот на Јапонија Шинзо Абе, изјави во неделата рускиот вицепремиер Аркадиј Доркович.
Тој говореше на меѓународниот форум „Науката и технологиите во општеството“ што се одржува во јапонскиот град Кјото.
Во мај во Сочи Абе ѝ предложи на Русија план кој предвидува реализација на значајни инвестициски проекти во осум различни области - енергетиката, индустријата, здравството, земјоделството, урбанизмот, соработката на претпријатијата од малиот и среден бизнис, високите технологии и хуманитарната размена.
„Сигурен сум дека една од компонентите на успешната реализација на овој план ќе претставува и развојот на билатералните односи во сферата на науката, технологиите и иновациите“, изјави Дворкович, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче