МО Русија со коментар за заканите на Стејт департментот

Министерството за одбрана на Русија го коментираше настапот на портпаролот на Стејт департментот на САД, Џон Кирби, за наводните терористички напади врз руските градови доколку продолжи војната во Сирија.

Министерството за одбрана на Русија на својата „Фејсбук“ страница ги коментираше последните изјави на Стејт департментот.

„Џон Кирби, кој не толку одамна ја замени контраадмиралската униформа во Пентагон со палтото на портпарол на Стејт Департментот на САД, сигурни сме - многу добро е свесен за последиците од својата изјава.

Неговите зборови се најискреното признание на американската страна дека наводно „опозицијата“ која ја води „граѓанската војна“ во Сирија е контролирана од САД меѓународна терористичка „интернационала“.

Особено шокира признанието на Џ. Кирби дека степенот на директно американско влијание врз активностите на терористите е глобален. И допира вклучително и до Русија.

Маските се симнати, господа?

Што се однесува до заканите на Кирби за можни загуби на руски авиони и испраќање дома на руски војници во „мртовечки вреќи“, ќе го кажеме следново.

Нам ни е добро познато каде точно и колку конкретно во Сирија, вклучително и во провинцијата Алепо, се наоѓаат ненајавени „стручњаци“ кои се занимаваат со оперативното планирање и раководење на операциите на милитантите.

Се разбира, може да продолжиме се зборуваме за тоа дека тие таму упорно, но  безуспешно, се занимаваат со „одделување“ на терористите на „Џебхат ан-Нусра“ од „опозицијата“.

Меѓутоа, во случај на обиди за реализација на заканите против Русија и руските војници во Сирија, воопшто нема сомневање дека милитантите ќе најдат и вреќи и време за бегство. Затоа, откако сте го смениле адмиралскиот мундир со сако, не треба да се заборава на офицерската чест.

Уште еднаш изјавуваме: целосно сме подготвени за продолжување на дијалогот со американската страна и изработка на заеднички мерки за борба со терористите во Сирија.

Сепак, од тој дијалог треба да бидат исклучени дури и навестувања за закана за нашите војници и руските државјани. За прашања поврзани со безбедноста на руските граѓани, каде и да се наоѓаат тие - нема да тргуваме. Тоа е нашиот главен и апсолутен приоритет“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња