Медиум: На странските инвеститори им се врати апетитот за рускиот пазар

Министерството за финансии на Русија пласираше десетгодишни еврообврзници во износ од 1,25 милијарди долари.

Министерството за финансии на Русија пласираше десетгодишни еврообврзници во износ од 1,25 милијарди долари; притоа побарувачката за хартиите од вредност го надмина обемот на пласманот за шест пати, што значи дека интересот на инвеститорите за руските заеми се врати, пишува австриското издание „Ди Пресе“.

Во мај 2016 Русија привлече од пазарот на капитал 1,75 милијарди долари, додека странските инвеститори ги избегнуваа зделките поради притисок од САД. Сепак, расположението на инвеститорите во врска со рускиот кредитен пазар е значително подобрено - последниот заем беше толку побаруван, што побарувачката, според Министерството за финансии на Русија, надмина 7,5 милијарди долари, истакнува авторот на статијата.

„Пријави поднесоа околу двесте инвеститори. Во зделката учествуваа само странци , при што 53% од хартиите од вредност беа откупени од инвеститори од САД“, се вели во статијата.

Притоа побарувачка на вториот пласман на еврообврзница се должи на фактот што меѓународниот клиринг центар Euroclear се согласи да го сервисира пласманот, смета авторот на материјалот.

„Апетитот за руските обврзници се врати на ниво кое го немаше долго време“, го цитира шефот на пазарите на должнички капитал на Русија и Казахстан во Ситигруп во Лондон Блажеј Данковски.

Покрај тоа, според шефот на одделот за долгови на Министерството за финансии на Русија Константин Вишковски, веќе оваа година Русија планира првпат да пласира еврообврзници во јуани, пишува „Ди Пресе“.

Во последниве години сѐ почесто можеше да се слушне дека Русја е на патот на стабилизација по две години рецесија. Дури и Меѓународната рејтинг агенција С&П го потврди суверениот кредитен рејтинг на земјата, подобрувајќи ја прогнозата за нив од негативен до стабилен, резимира авторот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња