Ле Пен вети признавање на Крим во состав на Русија ако победи на изборите

„Имајќи ги предвид историските факти, како и изборот кој граѓаните јасно го покажаа на референдумот за присоединување, ако бидам избрана, ќе признам дека Крим е руска територија“, изјави Марин Ле Пен.

Лидерот на опозициската француска партија „Национален фронт” Марин ле Пен изјави дека во случај на победа на претседателските избори во Франција ќе признае дека Крим е руска територија.

„Имајќи ги предвид историските факти, како и изборот кој граѓаните јасно го покажаа на референдумот за присоединување, ако бидам избрана, ќе признам дека Крим е руска територија“, изјави Ле Пен, пренесува„Взгљад”.

„Европските санкции, блокадата, па дури и одбивањето да ѝ се испорачаат на Русија „Мистралите“ – сето тоа не само што е во спротивност со интересите на Франција, туку и ја нарушува нашата повеќевековна традиција што ја имаме како земја која не се угледала на други“, истакна Ле Пен, додавајќи дека односите меѓу Русија и Франција се важни во мултиполарниот свет и неопходни за регулирање на меѓународните кризи.

Во мај оваа година Марин ле Пен изјави дека Франција би можела да ја признае законитоста на присоединувањето на Крим кон Русија.

И поранешниот претседател на Франција Никола Саркози изјави дека во случај на победа на претседателските избори во 2017 година ќе ги обедини силите со Русија во борбата против „Исламската држава“ во Сирија и дека ќе ги укине санкциите.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња