Медиум: Американскиот F-16 нема да може ни да го забележи рускиот ПАК ФА

Никаква модернизација на постојните американски авиони не може да ги направи конкурентни на Т-50, пишува магазинот „Национален Интерес“ (National Interest).

Американскиот ловец F-16 нема да може да му конкурира на рускиот ловец од петта генерација Т-50 (проектот ПАК ФА), тако што може да се зборува за почеток на крајот на F-16, пишува магазинот „Национален Интерес“.

„Слабо забележливата конструкција на ПАК ФА значи дека F-16 нема да може дури ни да го забележи непријателот пред да сфати дека станал мета на наведувана ракета чиј дострел е поголем од границата на видливоста“, пишува „Национален Интерес“.

Се истакнува дека F-16 може да биде добар во борбени услови со среден интензитет и против противници во воздух кои се помалку технолошки напредни.

Меѓутоа, никаква модернизација на постојните модели на американски авиони не може да ги направи конкурентни на Т-50.

„Единствено можно решение е да се направи нов авион“, истакнува магазинот и додава дека F-16 не може да се носи ни со кинескиот J-20.

Освен тоа, во Америка F-35 го исфрла од употреба ловецот F-16. Меѓутоа, се напоменува дека во реализацијата на програмата F-35 постојат одлагања, што значи дека F-16 ќе се користи подолго од планираното.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња