Украина повторно ги отвори граничните премини со Крим

Сите три кримски гранични премини на границата со Украина работат во нормален режим, соопштија за РИА „Ноости“ во кримската погранична управа на ФСБ.

„Сите гранични премини работат во нормален режим. Се пропушта како за влез, така и за излез. Украинската страна го обнови пропуштањето по завршувањето на активностите на нивната страна“, изјавија за РИА „Новости“ од институцијата.

Границата меѓу Крим и Херсонската област на украинскиот граничен премин „Чонгар“ денеска беше блокирана поради маршот на украинските радикали во кој учествуваа и лидерите на екстремистичката и забранета во Русија организација „Меџлис на кримскотатарскиот народ“ и претставници на доброволечките баталјони.

Маршот беше организиран по повод годишнината од блокадата на прехранбени производи на Крим.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња