Медиум: Зошто европскиот бизнис сака да работи во Русија

На крајот на септември во Москва се отвора првиот руско-француски бизнис-форум на кој ќе присуствуваат француски бизнисмени кои ќе се обидат да ги убедат Русите во квалитетот на своето производство.

Францускиот среден и мал бизнис се стреми да работи во Русија, без оглед на тоа што се потребни определени напори, пишува весникот „Ла Трибун“.

На крајот на септември во Москва се отвора првиот руско-француски бизнис-форум на кој ќе присуствуваат француски бизнисмени кои ќе се обидат да ги убедат Русите во квалитетот на своето производство. Само од регионот Оверн-Рона-Алпи Русија ќе ја посетат претставници на 30 претпријатија.

„Треба да се биде настојчив. Треба да ги убедиме во квалитетот на нашето производство. Треба да се сфати дека операциите во Русија ќе бараат големи трошоци во смисла на патувања, време и лиценци. Русите сѐ повеќе гледаат кон Кина, но ги претпочитаат Европејците“, го цитира изданието претседателот на лионската компанија „Текофи“ Даниел Стразери, чија компанија се занимава со производство на индустриски кранови.

Стразери работи со Русија веќе 20 години. Без оглед на неодамнешните економски потешкотии и санкциите, во моментов компанијата на Стразери реализира во Русија четвртина од својот промет. Сега фирмата има филијала во Москва со складишта.

Многумина претставници на малиот и средниот француски бизнис ја сметаат Русија за еден од приоритетните региони за развој. Задачата на европските индустријалци се состои во зацврстување на врските со рускиот пазар, „без да се чека укинување на западноевропското ембарго поради војната во Украина“, пишува весникот повикувајќи се на лидерот на локалното претставништво на „Републиканците“ Лоран Вокје.

За врските на францускиот бизнис со Русија придонесува ставот на политичарите – во јуни францускиот Сенат ја поддржа априлската одлука на Националното собрание и се заложи за укинување на санкциите, потсетува изданието.

Француските претприемачи се надеваат и поради фактот што нивните руски партнери се интересираат за многу насоки во бизнисот – почнувајќи од проекти во сферата на здравството, па сѐ до производство и продажба на базени и опрема за земјоделскиот комплекс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња