Лавров: САД му се извинија на Асад за нападот врз сириската армија

САД му се извинија на сирискиот претседател Башар Асад за воздушниот напад врз сириската армија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

САД му се извинија на сирискиот претседател Башар Асад за воздушниот напад врз сириската армија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во емисијата  „Вести во сабота“.

„Ситуацијата е малку чудна. Му реков на државниот секретар Џон Кери, а потоа и на средбата на Меѓународната група за поддршка на Сирија дека ситуацијата во Деир ез Зор, за разлика од ситуацијата во Алепо, каде линијата на судир постојано се менува, е статична веќе две години. Таму сириската војска се наоѓа опколена од ИДИЛ. Ние редовно доставуваме таму хуманитарна помош и друга  роба потребна за живот, доставувајќи ги од авион. Исти такви летови вршеше ООН.

Тоа се познати факти. Многу е тешко да се поверува дека разузнавачите на коалицијата формирана од САД, која работи против ИДИЛ на целата територија на Сирија (токму ИДИЛ во Деир ез Зор ги опколи владините сили), можеле да заборават кој каде се наоѓа. Иако не сакам никого да обвинувам за нешто“, потенцираше Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња