Во Москва се продаваа места во редица за новиот Ајфон 7

Продажбата на новиот Ајфон 7 во Русија почна на 23 септември.

На првиот ден од продажбата на Ајфон 7 и Ајфон 7 Плус во Русија, во Москва беше забележана вистинска треска меѓу љубителите на Ајфон – пред продавницата re:Store во ГУМ се формираше огромна редица, соопштува ТАСС.  

Продажбата стартуваше во петокот во 10:00 часот по московско време, меѓутоа луѓето почнаа да стојат во редица во четвртокот вечерта околу 19.30 часот. До 3 часот ноќта пред re:Store се направи редица од околу 100 души, до 8 часот утрото нивниот број достигна околу 300. Толпата луѓе се протегаше дури до улицата, меѓутоа купувачите не се брзаа да си одат и со часови го чекаа почетокот на продажбата, без оглед на дождливото и ветровито време во главниот град на Русија.

Еден од купувачите кој застана во редицата околу 1 часот по полноќ изјави дека првиот човек во редицата го продал своето место за 50 илјади рубли. Според него, десеттото место во редицата било продадено за 25 илјади рубли.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња