Конгресот на САД одобри испорака на смртоносно оружје за Украина

Конгресот на САД го одобри „Актот за стабилност и демократија во Украина“ кој предвидува и испорака на Киев на смртоносно одбранбено оружје.

Конгресот на САД го одобри „Актот за стабилност и демократија во Украина“ кој предвидува и испорака на Киев на смртоносно одбранбено оружје. Ова го соопшти украинската амбасада во Вашингтон на својата страница на „Фејсбук“.

Предлог-законот предвидува „понатамошна поддршка на владата на Украина за нејзините активности насочени на воспоставување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата заради одвраќање, запирање и надминување на руската агресија“, вклучувајќи „санкции, дипломатија и смртоносно оружје“.

Според предлог-законот, сѐ додека не заврши „окупацијата“ на Крим и не биде почитувана во целост „Минската спогодба“ од страна на руската страна, санкциите нема да бидат укинати.

Покрај тоа, Стејт департментот на САД, согласно предлог-законот, ќе развива стратегија за спротивставување на „руската пропаганда“.

Еден од иницијаторите на законот Елиот Ејџел изјави дека неговиот „предлог-закон ја потенцира поддршката од Америка на правото на Украина на самоодбрана и подразбира притисок врз Русија сѐ додека не ѝ биде ставен крај на нејзиното криминално поведение во Украина“.

„Актот за стабилност и демократија во Украина“ ќе стане закон единствено ако биде усвоен од соодветниот комитет во Сенатот на САД, а потоа и потпишан од претседателот на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња