Во статијата за весникот „Вол Стрит Џурнал“ Расмусен изјави дека еднаш претседателот на Русија му предлагал да го „распушти НАТО“.
„Не ни успеав да седнам, кога Владимир Путин ми рече дека НАТО, на чие чело бев јас во тој момент, повеќе нема никаква цел и затоа треба да се распушти“, тврди поранешниот генерален секретар на Алијансата.
Според Расмусен, во текот на посетата на Москва во декември 2009 година тој почувствувал дека рускиот претседател „го предизвикува светскиот поредок кој сосем успешно беше создаден од САД по Втората светска војна“. За други закани за „слободниот свет“ поранешниот челник на НАТО ја смета Либија, која по својот распад станала „расадник на тероризам“, Кина, која ги „покажува мускулите“ и Северна Кореја, која се заканува со „атомски напад“.
„Во нашиот заемно поврзан стана навика да се зборува за „глобално село“. Но сега тоа село е во пламен, а соседите се тепаат во одблесокот на пламенот. Нам ни треба полицаец за воспоставување ред; но нам ни треба и пожарникар кој ќе успее да го изгасне огнот на конфликтот, потребен е некој умен и разумен градоначалник кој ќе застане на чело на процесот на обнова“, смета поранешниот генерален секретар на Алијансата.
Според Расмусен, од сите големи сили единствено Америка има „доволно кредит да ѝ се верува“ за да изнајде стабилни решенија за тие проблеми: Русија е „опседната со обнова на империјата што исчезна со распадот на СССР“, Кина е „сѐ уште регионален фактор“, Европа е „слаба, поделена и нема лидер“, а „старите сили“ – Франција и Велика Британија се „премали за глобалната улога каква што играа некогаш“.
Покрај тоа, Америка го има потребниот „морален и материјален авторитет“ за да не дозволи „светот да западне во хаос“, додава поранешниот генерален секретар на НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче