„Вечерта на 19 септември, точно во реонот каде што се наоѓаше хуманитарниот конвој на ОН, на висина од 3600 метри се наоѓаше офанзивно беспилотно летало на коалицијата предводена од САД кое леташе со брзина од 200 км/ч“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад“.
Тој додаде дека „рускиот систем за надзор на воздушниот простор го идентификуваше леталото како дрон од типот „Предатор“. „Предаторот“ полетал од турската база Инџирлик и го напуштил реонот на Урум ел Кумбра половина час по инцидентот со хуманитарниот конвој.
„Сакам да потенцирам дека, како и во случајот со трагедијата во Деир ез Зор на 17 септември, кога како резултат на воздушниот напад на коалицијата загинаа и беа ранети повеќе од 200 луѓе, ние на изведуваме неосновани заклучоци. Прашањето е со каква цел овој дрон се наоѓаше во наведената точна во потребното време и какви задачи извршуваше таму, знаат неговите сопственици“, изјави Конашенков.
Според него, дронот што се наоѓал во реонот на напад врз хуманитарниот конвој може не само да ја набљудува ситуацијата, туку и да нанесува удари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче