Лавров: сириското воздухопловство не го нападна конвојот во Алепо

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров даде објаснување зошто сириското воено воздухопловство не можело да го изврши нападот врз хуманитарниот конвој на ООН во Алепо.

Сириското воено воздухопловство не можеше да го нападне хуманитарниот конвој кај Алепо затоа што немаат можност да летаат во мрак, изјави шефот на МНР Русија Сергеј Лавров.

Според мислењето на САД, нападот можеле да ги нанесат или владините сили, или Воздушно-космичките сили на Русија. Притоа Вашингтон „во секој случај“ смета дека одговорноста за нападот ја сноси Москва, пишува РИА „Новости“.

Обвинувањата на адреса на Дамаск или Москва руските власти ги отфрлија.

„Нашата војска веќе даде соодветни изјави дека нашата авијација таму не дејствувала. Сириската авијација не можеше да дејствува затоа што нападот врз конвојот се случи во темен период од денот, сириското воено воздухопловство во тоа време не лета, тие немаат такви можности, а нападот се случи во моментот кога хуманитарниот товар се растовараше веќе во источен Алепо“, изјави Лавров во програмата на телевизијата „Русија 1“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња