Руската и сириската авијација не вршеле никакви воздушни напади врз хуманитарниот конвој на ООН на југозападните предградија на Алепо, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
„Дотолку повеќе што, поради тоа што маршрутата на движење на конвојот поминуваше преку територија контролирана од бунтовниците, рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија вчера вршеше негово придружување со беспилотни средства“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Конашенков додаде дека околу 13:40 часот по московско време во понеделникот целиот хуманитарен товар бил успешно доставен, по што Центарот за помирување го прекинал мониторингот над конвојот.
„Понатамошните движења на конвојот не беа следени од руска страна. Целата информација за локацијата на конвојот им беше позната единствено на бунтовниците кои ги контролираат тие реони“, потенцираше Конашенков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче