Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека, кога тој застанал на чело на земјата, 50% од составот украинската војска го сочинувале агенти на КГБ.
Порошенко изјави дека неговата земја од Западот очекува смртоносно оружје и други воени технологии за својата армија, иако тоа е второ прашање по значење. Првото прашање е продолжувањето на санкциите против Русија, пренесува „Взгљад”.
Порошенко додаде дека Западот претходно немал доверба во украинската армија, но сега сѐ е променето. „На почетокот на мојот претседателски мандат нашите партнери од САД зборуваа дека имаат 100% сигурна информација дека 50% од украинската војска се корумпирани, а дека 50% се агенти на КГБ“, изјави претседателот на Украина.
Меѓутоа, сега, според претседателот на Украина Петро Порошенко, Украина покажа дека во неа може да се има доверба, па затоа може да ѝ се довери и смртоносно оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче