На изборите во Русија преброени 91,8% гласови

Според податоците на Централната изборна комисија, партијата „Единствена Русија” има 54,2% гласови и мнозинство во 203 од 225 окрузи.

На изборите за руската Дума се обработени се обработени 91,8% гласачки ливчиња. Според податоците на Централната изборна комисија „Единствена Русија“ има 54,16% гласови и мнозинство во 203 од 225 окрузи. Според прелиминарните податоци, излезноста е 47,9%.

Комунистичката партија на Руската Федерација и Либерално-демократската партија на Русија освоија речиси идентичен број гласови: 13, 5 и 13,26% . „Праведна Русија” во моментов има 6,18%. Останатите партии не го поминаа цензусот од  5%.

КПРФ има мнозинство во седум изборни окрузи, во исто толку победи „Праведна Русија”. Партијата на Жириновски (ЛДПР) освои мнозинство во пет окрузи.

Изборите за пратеници за седмиот состав на Државната Дума беа одржани на 18 септември според мешан систем: 225 пратеници според мнозински и исто толку според пропорционален систем.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња