Пратениците во Врховната рада претходно ги повикаа странските колеги да не ги признаваат резултатите од изборите на Крим и да ги обнародат официјалните изјави за „нелигитимноста на признавањето на резултатите од изборите за Државната дума на РФ“, пренесува РИА „Новости“.
„Претседателот му наложи на министерот за надворешни работи да ја информира Москва за невозможноста од спроведување на руски избори на територијата на Украина“, напиша Цеголко на „Твитер“.
Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во четвртокот изјави дека Русија нема да го земе предвид ставот на Украина за изборите на Крим, затоа што полуостровот е дел од Русија.
Изборите за Државната дума на РФ ќе се одржат на 18 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче