Британската премиерка против укинување на санкциите против Русија

Тереза Меј изјави на деловниот појадок со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека санкциите против Русија треба да останат.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија одлучно ќе се противи на укинувањето на санкциите против Русија. На таа тема, пренесува „Ројтерс“, Меј разговараше на 8 септември на состанокот со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Според информациите на агенцијата, Туск и и Меј на деловниот појадок се договориле Велка Британија да има „силен глас“ во Европската унија сѐ додека е нејзина членка и дека „одлучно ќе ги брани“ санкциите воведени против Русија поради нејзините потези во Украина.

Шефицата на британската влада истакна дека санкциите би можеле да бидат укинати дури откако дефинитивно бидат исполнети условите од „Минската спогодба“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња