Почесниот конзул на РФ со честитки по повод Денот на независноста на РМ

По повод одбележувањето на 8-ми септември, Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко им го честиташе на сите македонски граѓани Денот на независноста.

По повод одбележувањето на 8-ми септември, Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија во Битола Сергеј Самсоненко им го честита Денот на независноста на Република Македонија на сите македонски граѓани. 

Во честитката Самсоненко вели:

„Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот.

Со срдечен поздрав и желба за социјален, економски и политички напредок, уште еднаш ви го честитам Денот на независноста на Македонија“, стои во честитката на почесниот конзул на РФ во Република Македонија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња