Лукашенко ги поддржа белоруските спортисти кои го носеа руското знаме

„Големо благодарам до нашите белоруски пријатели и конкретно до овој човек!“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова. „Ваквите работи не се забораваат. Тоа е вистински човечки гест“.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го поддржа гестот на белоруската делегација чии членови на церемонијата на отворање на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро го истакнаа знамето на Русија, соопшти портпаролот на белорускиот претседател Наталија Ејсмонт.

„Истакнувањето на знамето во текот на церемонијата на отворањето е иницијатива на белоруската делегација. Па сепак, сакам да истакнам дека тоа е ставот на државата, вклучувајќи ги и претседателот на земјата и претседателот на нашиот Параолимписки комитет. Ние сме солидарни со руските параолимпијци“, истакна таа.

Портпаролот на Лукашенко истакна дека не е изнесен ниту еден доказ дека руските параолимпијци користеле допинг, а „луѓето за кои спортот е повеќе од спорт беа исклучени од Параолимпијадата“. „Тоа е ставот на нашата држава и став на претседателот на нашата земја“, заклучи Ејсмонт, пренесува „Лента.ру“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва високо го цени овој гест на солидарност со руските параолимпијци.

„Без сомнение, тоа е вистински гест. Тоа што го направија белоруските параолимпијци заслужува восхит“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости”.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го нарече херој претставникот на Белорусија кој на отворањето на Параолимпијадата го носеше руското знаме.

„Ќе си дозволам неколку коментари, не како портпарол на МНР Русија, туку како човек“, рече Захарова, пренесува „Взгљад”. „Денеска добивме херој. Постојат разни херои. Тоа се луѓе кои спасуваат некого, кои го прават она што е потребно и важно. Денеска се појави херој, тоа е човекот кој во Рио на отворањето на Параолимписките игри го рашири руското знаме и покажа солидарност со оние на кои на подол и нечовечки начин не им е дозволена да учествуваат во натпреварувањето“. 

„Горди сме што постојат такви луѓе, токму луѓе кои се надвор од политиката“, рече Захарова. „Големо благодарам до нашите белоруски пријатели и конкретно до овој човек!“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова. „Ваквите работи не се забораваат. Тоа е вистински човечки гест“.

Сепак, Меѓународниот параолимписки комитет му ја одзеде акредитацијата на Белорусинот кој го развеа руското знаме на отворањето на Параолимпијадата, соопшти портпаролот на МПК Крег Спенс на својот профил на „Твитер“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња