Премиерот на Јапонија Шинзо Абе го повика претседателот на РФ Владимир Путин да започне нова епоха во јапонско-руските односи.
„Како раководител на Јапонија убеден сум во исправноста на позицијата на Јапонија, исто како што и ти, Владимир, си убеден во исправноста на позицијата на Русија. Но ако продолжиме на тој начин, тогаш можеме да водиме такви дебати со децении. Ако оставиме сѐ како што си е, без промени, тогаш ни јас, ни ти нема да можеме да им ги пружиме најдобрите можности на идните генерации. Владимир, со тебе сме иста генерација, ајде да покажеме храброст и да преземеме врз себе одговорност. Ајде да ги надминеме сите тешкотии и да им оставиме на луѓето од идните генерации свет во кој нашите две земји ќе го отворат својот силен потенцијал. Ајде да ставиме точка во оваа ненормална ситуација која траеше 70 години и заедно да почнеме да градиме нова епоха во јапонско-руските односи која ќе трае следните 70 години“, изјави Абе.
Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Јапонија Шинзо Абе во петокот имаа средба во Владивосток на маргините на Источниот економски форум на која дискутираа за сите аспекти на билатералната соработка, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче