Руските параолимпијци нема да учествуваат на Игрите во 2018 година

Одлуката на меѓународниот параолимписки комитет (МПК) за суспензија на Русите на Игрите во Рио де Жанеиро важи и за Параолимпијата 2018 година во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.

Одлуката на меѓународниот параолимписки комитет (МПК) за суспензија на Русите на Игрите во Рио де Жанеиро важи и за Параолимпијата 2018 година во јужнокорејскиот град  Пјонгчанг, се истакнува во писмото на Параолимпискиот комитет на Русија (ПКР), стои на официјалниот сајт на организацијата.

Претседателот на МПК Филип Крејвен на 7 август изјави дека руските параолимпијци се едногласно суспендирани од Игрите 2016, а на ПКР е укинато членството во  организацијата. Параолимпискиот комитет на Русија на 15 август ја обжали оваа одлука во Судот за спортска арбитража, меѓутоа жалбата беше одбиена.  

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија ќе организира специјални натпреварувања за параолимпијците кои не добија можност на настапат во Рио, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња