Медиуми: Јапонија подготвена на соработка со Русија без оглед на Курилите

Јапонската влада е ориентирана на развој на сеопфатна економска соработка со Русија без да ја условува со напредок во решавањето на територијалниот спор меѓу двете земји, соопштува агенцијата „Кјодо“ повикувајќи се на сигурни извори.

Агенцијата „Кјодо“ смета дека тоа значи отстапување на Јапонија од поранешниот принципиелен став кој ја условуваше соработката со решавање на спорот околу Курилските острови.

Кога нема напредок во преговорите за територијалниот спор, неопходно е да се коригираат претходните ставови, изјави извор во јапонската влада за агенцијата „Кјодо“.

Токму во тоа е, сметаат во Токио, суштината на „новиот пристап“ во билатералните односи за кој толку многу се зборуваше по мајската средба на Шинзо Абе со Владимир Путин во Сочи. Понатамошната соработка ќе биде разгледана на почетокот на септември на Источниот економски форум во Владивосток, пишува „Кјодо“.

„Неколку јапонски компании се подготвени да започнат со работа веќе годинава“, пренесува агенцијата.

Според информациите на агенцијата, основата на претходно предложените „осум точки“ на Абе ја чини развојот на Далечниот Исток, како и техничка поддршка на Русија во зголемувањето на производствените капацитети во нафтената и гасната сфера, како и развојот на медицинските центри со воведување на напредните технологии.

Притоа Токио е загрижен што, и покрај тоа што инвестициите се насочени кон заживување на дијалогот со Русија, тоа истовремено создава ризик за одложување на решението на прашањето околу Курилите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња