Украина ќе ја тужи Русија во ООН

Украина подготви тужба против Русија пред меѓународниот суд на ООН во Хаг во врска со Донбас и Крим, соопшти министерот за правда на Украина Павел Петренко за телевизијата „112 Украина“.

Украина подготви тужба против Русија пред меѓународниот суд на ООН во Хаг, соопшти министерот за правда на Украина Павел Петренко за телевизијата „112 Украина“, пренесува „Лента.ру“.

„Има уште еден одделен случај кој е веќе при крај и заедно со МНР (на Украина) го подготвуваме за меѓународниот суд на ООН. Не сакам да раскажувам детали, наскоро ќе дознаете за тоа“, изјави министерот.

Тој прецизираше дека предмет на тужбата ќе биде „агресијата во Донбас“ и „анексијата на Крим“.

Петренко исто така потенцираше дека Украина веќе поднела во Хаг тужби поврзани со истите обвинувања.

„Имаме неколку меѓудржавни тужби во Европскиот суд за човекови права – веќе пет. Во Меѓународниот кривичен суд е поднесена изјавата на Украина и за настаните на Мајдан, и по повод настаните во Донбас и на Крим“, изјави тој.

„Исто така им помагаме на обичните Украинци кои настрадаа од окупацијата на Донбас и анексијата на Крим да подготват индивидуални тужби – повеќе од 2 илјади беа поднесени во Европскиот суд“, додаде министерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња