Путин и Ердоган имаа телефонски разговор

Турската агенција „Анадолу“, повикувајќи се на извор во администрацијата на Ердоган, соопшти дека претседателите на Русија и Турција ќе имаат состанок на маргините на самитот на Г-20 што ќе се одржи на 4 и 5 септември во кинескиот град Гуангжу.

Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше телефонски со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, соопшти Кремљ, а пренесува „Взгљад“.

„Разгледани се прашањата за понатамошниот развој на руско-турската соработка во политичката и трговско-економската сфера во светло на договорите постигнати на состанокот во Санкт Петербург на 9 август“, се вели во соопштението објавено на сајтот на Кремљ.

Исто така, Кремљ соопшти дека е договорено да продолжи дијалогот за билатералните и меѓународните прашања.

РИА „Новости“ пишува дека разговорот е одржан на иницијатива на турската страна. Шефовите на двете држави размениле мислења за ситуацијата во Сирија и ја нагласиле важноста на заедничките напори во рамките на борбата против тероризмот.

Претседателите на Русија и Турција се договориле да имаат состанок на маргините на самитот на Г-20 што ќе се одржи на 4 и 5 септември во кинескиот град Гуангжу, јави турската информативна агенција „Анадолу“ повикувајќи се на извор во администрацијата на Ердоган.

Турската агенција соопшти дека шефовите на двете држави се договориле околу испраќањето хуманитарна помош во сирискиот град Алепо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња