МНР РФ изненадени од вознемиреноста на САД поради воените вежби на ВС РФ

Министерството за надворешни работи исто така го повикува Вашингтон да не прави проблем од тоа, туку „да се фокусира на работата со Киев за исполнување на „Минската спогодба“.

Поплаките на САД до Москва во врска со проверката на борбената готовност на Вооружените сили на Русија се неаргументирани и неосновани, се вели во коментарот на руското МНР, објавен на сајтот на министерството.

 „Нашите странски партнери беа во целосен обем информирани за проверката што се врши по линија на Министерството за одбрана на Русија и ги добија сите неопходни појаснувања (...) Русија ригорозно ги почитува сите свои меѓународни обврски во сферата на контрола над вооружувањето, вклучувајќи го и Виенскиот документ“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.

Министерството за надворешни работи исто така го повикува Вашингтон да не прави проблем од тоа, туку „да се фокусира на работата со Киев за исполнување на „Минската спогодба“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња