Генерал Ивашов: Путин и Ердоган не договараа операција во Сирија

Лидерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган не се договараа за операција на турските вооружени сили на територијата на Сирија и Москва нема дадено согласност за тоа, изјави во петокот претседателот на Академијата за геополитички проблеми генерал-полковник Леонид Ивашов.

„Во политиката секогаш има малку вистина, а во ова прашање од турска страна воопшто нема вистина. Затоа што борбата со ИДИЛ, повикувањето на турските медиуми дека тоа е договор на Ердоган со Путин – сето тоа е лага“, изјави Ивашов на прес-конференцијата во МИА „Русија денес“ (Россия сегодня), пренесува РИА „Новости“.

Тој потенцираше дека во текот на средбата во Санкт Петербург на почетокот на август претседателите на Русија и Турција „дискутираа за принципиелни прашања за дејствување против терористичките организации“, пред сѐ против „Исламската држава“.

„Но Русија не даде согласност за оваа операција и не можеше да даде. Затоа што Русија строго ги почитува нормите на меѓународното право и Повелбата на ООН... Турција со своите дејствија, независно од тоа од што се раководела, придонесува за уривање на постојниот правен систем во регионот“, истакна Ивашов.

Армијата на Турција во средата почна операција против ИД во градот Џараблус на северот на Сирија со учество на сириската опозиција и военото воздухопловство на меѓународната коалиција. Сириските власти ги нарекоа дејствијата на Турција нарушување на суверенитетот. За 24 часа Џараблус се најде под контрола на опозициската Слободна сириска армија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња