Објавен список на најбогатите семејства во Русија

На новата листа на најбогати семејства во Русија според магазинот „Форбс“, како и пред година дена, првото место му припаѓа на семејството Гуцериев.

Руската верзија на магазинот„Форбс“ ги прогласи најбогатите руски семејства. Семејството на основачот на групата БИН Михаил Гуцериев се најде на врвот на листата на најбогати семејни кланови на Русија во 2016 година со имот вреден 9,8 милијарди долари, наведува „Форбс“.

На второто место се најде семејството на Аркадиј Ротенберг кој заработи милијади од соработката со „Гаспром“. Вкупното богатство на семејството се проценува на 2,8 милијарди долари.

Во првата тројка влегоа и браќата Алексеј и Дмитриј Ананјев, во чија сопственост се наоѓа „Промсвјазкапитал“, со богатство од 2,8 милијарди долари.

На четвртото место е семејството на еден од сопствениците на банката „Русија“ Николај Шамалов, чиј помал син, 34-годишниот Кирил Шамалов годинава првпат влезе меѓу топ-200 најбогати бизнисмени на Русија, заземајќи го 64 место и станувајќи најмладиот богаташ на списокот. Вкупното богатство на семејството се проценува на 2,4 милијарди долари.

Списокот со првите пет најбогати семејства во Русија завршува со Шајмиеви. Ајрат и Радик Шајмиев, синовите на првиот претседател на Татарстан Минтимер Шајмиев, се најбогатите луѓе во таа република, пишува магазинот. Богатството на ова семејство се проценува на 1,7 милијарди долари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња