Руски бродови одржуваат вежби во Црното и Каспиското море

Ќе бидат одржани вежби на бродските борбени единици, вежби со офицерите во организирање на противовздушна и противминска одбрана на море, вежби за организирање на преживување на море и вежби за премин на бродови низ тесни премини.

Повеќе од 15 бојни бродови на руската Црноморска флота и повеќе од десет бродови на Касписката флотила испловија на море во рамките на вонредната проверка на борбената готовност, соопшти одделот за информирање на Министерството за одбрана на РФ.

„Од Црноморската флота на море испловија преку 15 бојни бродови во состав на бродските ударни групи, бродските противподморнички ударни групи, миноловечки групи и одреди со десантни бродови за реализација на задачите во рамките на вонредната проверка на борбената готовност“, се наведува во соопштението што го пренесува РИА „Новости”.

Меѓу бродовите кои учествуваат во воените вежби се фрегатата „Адмирал Григорович”, ракетните бродови „Самум” и „Мираж”, патролниот брод „Сметливи”, малите противподморнички бродови „Александровец” и „Касимов”, ракетни корвети, миноловци, големите десантни бродови „Николај Фиљченков”, „Азов”, „Јамал”, „Цезар Куников”, „Саратов”.

Освен тоа, според податоците на Министерството за одбрана на РФ, од составот на Касписката флотила од базите во Астаран и Каспијск испловиле преку десет бојни бродови, корвети и помошни бродови, меѓу кои се малите ракетни бродови „Град Свијажск”, „Велики Устјуг”, „Углич”, артилериски корвети, миноловци.

Ќе бидат одржани вежби на бродските борбени единици, вежби со офицерите во организирање на противовздушна и противминска одбрана на море, вежби за организирање на преживување на море и вежби за премин на бродови низ тесни премини.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња